ДИЈАСПОРАТА – значаен фактор за економскиот развој преку збратимување на градови од Македонија и странство

Многу наши сограѓани од Македонија живеат и работат во Европа, Америка и Австралија а не се доволно вклучени во развојот на демократијата на Македонија и нејзиниот економски просперитет. Особено во последната деценија на овој век голем број на млада висококвалификувана работна сила ја напушта родната земја за да обезбеди подобра егзистенција и личен напредок.

Голем дел од нашата дијаспора се веќе успешни и докажани бизнисмени и јавни личности во странство или вредни работници кои имаат финасиски можности да го инвестираат својот капитал во Македонија.

Заедничкиот придонес кон развојот на демократијата и економскиот развој во Македонија може најуспешно да се остварува преку меѓународна соработка во делот на збратимување на општини од странство каде живеат нашите иселенци и општини од каде тие потекнуваат и претходно живееле или имаат свои корени преку своите баби и дедовци.

Успешните примери на иницијативите што произлегле од некои наши иселеници треба да се практикуваат повеќе од страна на сите нив и  тие да бидат поактивни во учеството со свои идеи и соработки со општините од Македонија.

  • Иселеничка од Виница која заминала на работа во земјоделството во Италија, Канели сигурно пред 15 години не помислила дека еден ден токму таа ќе даде личен допринос во развојот на лозарството во Виница. По нејзина иницијатива како менаџер на кооператива за лозарство во Италија каде најголем број се жени од Виница остварува контакт со локалните  власти и како резултат на тоа се реализира проект за обука и пракса на 10 млади лица –претприемачи од Виница на лозјата во Канели, Италија. Тоа придонесува за нивно вклучување во економијата со отварање на сопствени бизниси за одгледување на винова лоза и преработка на вино. Оваа иницијатива се проширува со збратимување на Виница со Канели каде има околу 100 фамилии на привремена работа.

 

  • Друга успешна приказна за доприносот во развојот на локалната економија на Виница е инвестицијата во изградба на винарија-Вик Анџело со капитал на наш иселеник од Киасо во Швајцарија во која работат околу 10 млади луѓе и се произведуваат сортни вина под брендот Винеам.

 

(Старото име на Виница –ВИНЕАМ значи дека во старо време во Виница имало многу лозови насади и се произведувало квалитетно вино во огромни количини за што постои легенда дека првата куќа во Виница поради сушата била доградена со вино наместо со вода).

Општинските власти треба повеќе да ја анимираат дијаспората за можностите за инвестиции во постоечките индустриски зони со обезбедување на информации, субвенции во комуналните такси за за градење на стопански објекти, како и нивно вклучување за време на нивниот престој во родните краиштаsuma_malesevo со давање на идеи и иницијативи за подобрување на социо-економскиот живот во локалната заедница.

Дијаспорта не треба да биде пасивен актер во демократскиот и економски развој на Македонија туку треба да се залага за јакнење на врските со родната земја преку покренување на иницијативи на пријателство,партнерство и збратимување како крајна цел на меѓународна соработка.

Здруженија на иселеници од Македонија  бидете трансмисери на информациите ,бидете линк помеѓу дијаспората и општините во родната земја заради нивен економски развој и просперитет.!!!!